Економија Чебрен повторно во игра, ќе се гради со јавно приватно партнерство
По десетина пропаднати тендери, хидроелектричната централа Чебрен се враќа во игра. Ќе се надградува студијата за изградба на Чебрен и ќе се обновува тендерската документација за опвој проект, во кој се очекува инвестиција од половина милијарди евра. Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска го потпиша договорот со потпретседателката на ИФЦ, која е членка на Групацијата Свертска банка, Георгина Бакер, со кој треба да се изработи обновена бесплатна студија за проектот Чебрен.
Централата ќе се гради со јавно-приватното партнерство, при што ЕЛЕМ ќе биде јавниот партнер, а на тендер ќе се бара приватниот партнер, на кој се очекува да се јават реномирани компании од регионот и од Западна Европа. Проектот Чебрен е стар колку и јас, вели вицепремиерот Анѓушев, а проектот и претходно го има правено ИФЦ, но сега студијата ќе биде обновена и адаптирана, бидејќи се променети неколку услови. Енергетскиот пазар сега е полиберализиран, а Чебрен ќе биде електрана што ќе дава балансна енергија.
По десетина години, го оживуваме проектот „Чебрен“ кој е веројатно стар колку што сум јас и кој многу години и генерации го зборуваат. Но, од тогаш се променети многу работи. Ценевме дека е разумно и прагматично, она што е досега направено да не го фрламе, туку да го искористиме, само да го надградиме согласно она што го бараат актуелните околности на енергетскиот пазар кој е многу полиберализиран во регионот. Таа можност треба да ја искористиме. Предност е и тоа што нашата држава денес е многу постабилна од пред десет години и поради тоа многу поатрактивна за странските вложувачи, вели вицепртемиерот Анѓушев.
Исто така, според него, ЕЛЕМ сега е многу помоќна компанија, а државата е многу постабилна и поатрактивна за странски инвеститори, кои прават долготрајни зделки во енергетиката само во стабилни подрачја, каква што ќе биде земјава бидејќио е на прагот да стане официјална членка на НАТО. а ние сме такво особено што сме на прагот да бидеме официјална членка на НАТО. Изградбата на хидроелектраната се очекува да почне догодина, а првите количини струја би требало да протечат во 2025 или 2026 година со оглед дека се работи за голем, капитален проект.
Со нетрпение очекуваме да работиме заедно со Владата и со другите развојни партнери на изработката на проценката на проектот за „Чебрен“ кој претставува клучна иницијатива за подобрување на идната енергетска сигурност на земјата. Владата на Северна Македонија е со амбициозна цел, долгорочен економски развој, одржлив раст, креирање работни места, а ИФЦ сака да биде дел од тоа“, вели Џорџина Бејкер, потпретседател на ИФЦ за Европа.



