
Сите пријавени ученици ќе се запишат во Орце Николов
Приемно тестирање за упис во средно сепак ќе нема .Дводневните протести пред гимназијата Орце Николов завршија, сите полуматуранти кои се пријавени ќе бидат примени во гимназијата . Вкупно 311 ученика со сите петки ќе се распределат во девет класа.
Проблемот беше решен по двца дена протести на родителите кои поради прекубројност на кандидатите требаше да полагаат тестови.
И денешниот ден почна со протести пред гимназијата, а продолжи пред владата каде дојдоа незапишаните и нивните родители.
Потоа пред незадоволството на родителите и на идните средношколци се најде решение, а учествуваше и ресорното министерство во преговорите.
Сето ова е во насока на учениците да им се овозможи согласно со нивниот одличен успех постигнат во основното образование да го продолжат средното образование во училиштето коешто го избрале.
Засега нема потврда дали рецептот за гимназијата Орце Николов ќе биде применет и во други стручни училишта во државата за кои има зголемен интерес кај полуматурантите, кој е поголем од предвидените места. Министеротѕ Арбр Адеми тврди дека ниту едно дете нема да остане незапишано.
Теодора Цветковска