
Камионџиите „во живо“ ќе се борат против гранично мито
Барање мито од полицајци и цариници пред границата и илегални мигранти кои ги напаѓаат и им влегуваат во приколките околу границите-тоа се двата најголеми проблеми со кои се соочуваат камионџиите и транспортерите.
Во Македонија веќе се подготвени промени кои државните власти и МАКАМтранс заедно ќе ги спроведуваат.
Камионџиите ќе може веднаш откако им е побарано мито веднаша да го пријават во централата на МАКАМтранс по што во истиот момент полицијата ќе почне да ги бара митаџиите на граница.
Промените ќе почне да се применуваат откако ќе биде потпишан договорот за соработка на државните власти и МАКАМтранс.
Покрај митото, камионџиите ќе може да пријават и доколку во близина на граничните премини забележат група на мигранти или криумчарење на мигранти. Многу често се случува без да знаат шоферите, во нивните камиони во приколките со сечење на церадата да им се качат мигранти во обид да преминат граница.
Во рамките на соработката од друга страна МВР и надлежните институции пак ќе ги известуваат камионџиите за сотојбите и гужвите на граничните премини.
Миомир Серафиновиќ