ЕУ во октомври ќе се наврати на проширувањето, нема конкретен датум за преговори

Најдоцна во октомври ЕУ ќе се наврати на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија, но без конкретен датум за преговори, е конечниот заклуок на Советот за општи работи на ЕУ, кој заврши попладнево по долга дебата која траеше од утрото. Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прс-конференцијата по Советот, сепак рече дека се надева дека тоа нема да биде подоцна од октомври.

За жал малцинство земји не беа во можност да го поддржат чист предлог за старт на преговори со Албанија и северна Македонија уште денеска. Комисијата цврсто верува дека ЕУ мора да ги награди оние кои испорачале се она што беше побарано во Луксембург пред една година. Нашиот колективен кредибилитет е во залог, како и нашата поддршка за силни реформи во регионот“, изјави еврокомесар за проширување Јоханес Хан

Тој на змејите-членки им упати порака дека денеска Унијата ризикуваше да нема воопшто кредибилен процес на проширување и се надева дека земјите ќе донесат одлука до после летото. Според него политиката за прошрување функционира само ако е заснована вра индивидуални постигнувања.

„Земјите членки ќе можат сега да решат веднаш по летото. Неносење одлука не е опција и убеден сум дека сите членки ќе имаат моножност да го разгледаат Извештајот на Комисијата. Би сакал годинешниве заклучоци за проширување да бидат завршени со конкретни резулати, не подоцна од октомври“, рече Хан.

Според него не се работи само дали Унијата е доверлива и фер со своите партнери, туку дека е во прашање кредибилитет, одговорност и стратешки интерес на ЕУ. Според него подобро е уијата да увезува стабилност, отколку нестабилност.

Романскиот министер за европски прашња како актуелен претседавач рече дека Советот ја потврдила стратешка перпектива на проширувањето.

„Иако сега не можевме да испорачаме, барем го зачувавме моментумот кој призлезе од Договорот од Преспа“, изјави Георг Чамба, мнинитер за европски прашња на Романија.

Во заклучоците на Советот за општи работи силно го поздравува историскиот Преспански договор без преседан и ја зема во предивпрепораката на Европската комисија за отворање на пристапните преговори земјава врз основа на направениот прогрес во исполнувањето на условите идентификувани од страна на Советот.

Со оглед на ограниченото време на располагање и важноста на прашањето, Советот ќе се наврати со цел постигнување јасна и суштинска одлука најбрзо што може и не подоцна од октомври 2019 година, е наведено во заклучокот за земјава.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ