
Гимназиите и понатаму поатрактивни за полуматурантите
Ова е Стефан Митковски, еден од ретките полуматуранти кој одлучи своето обвразование да го продолжи во средно стручно училиште.
Кампањите за заживување на средното стручно образование даваат резултати, но тоа е од далеку од доволно за да се пополнат капацитетите на некои средни училишта. Освен во „Михајло Пупин“ каде што по неколку години училниците нема да бидат празни .
Во гимназиите слика е поинаква . На вториот ден од уписи нема нови пријави, вчера се пријавиле сите. Во Гимназијата „Орце Николов“ до сега се пријавени преку 400 ученици.
Полуматурантите уште денеска може да ги поднесат документите за упис во саканото средно училиште во првиот уписен рок. Вториот е на 24 и 25 јуни, а третото пријавување е на 1 јули. Податоци за слободни места по паралелки и наставен јазик за сите училишта во државата, како и информации за потребните документи и условите и критериумите за упис ги има во Конкурсот кој МОН го објави на својата веб-страница.
Теодора Цветковска