Македонија По 40 години – нов асфалт на патот Штип – Радовиш
Во земјава се врши рехабилитација на над 400 километри од регионалните и магистрални патишта, еден од нив е и патот Штип-Радовиш, каде што по речиси 40 години се става нов асфалт.
Реконструкцијата ќе чини 2.400.000 евра, а треба да заврши до Август, кога и фирмата Штрабаг треба да го стави и првиот слој на асфалт на новиот ексресен пат Штип-Радовиш.
Новиот археолошки локалитет кој беше откриен на екпсресниот пат Штип-Кочани, кај селото Жиганци нема да го забави градењето на втората фаза, смета првиот човек на јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов.
На оваа делница се работи и на решавање на проблемот со цевките за наводнување, кои беа уништени од компанijата која ги извршува градежните работи. Оштетените цевки без вода за наводнување ги оставија нивите од штипскиот и овчеполскиот регион.



