Македонија Блокада против археолошките истражувања на струмичкиот музеј
Жителите на Иловица и Штука заедно со активисти утрово го блокираа пристапниот пат до рудникот.
Изреволтирани што на локалитетот каде што треба да е рудникот почнале археолошки истражувања на струмичкиот музеј, не дозволиле екипите да се движат до локацијата.
Блокадата била поставена утрото во 5 часот и 30 минути. Жителите велат дека главен отпор е загадувањето.
Од Завод и музеј Струмица велат дека истражувањата на Огражден започнале на почетокот од овој месец.
Тие велат дека имале средба со активистите и им објасниле дека се обврзани да ги вршат археолошките истражувања, а резултатите од истражувањата не влијаат на одлуката дали концесионерот ќе добие или не дозвола за работа.
Музејот треба во рок од два месеца да го заврши истражувањата, но активистите велат дека не отстапуваат и секој ден ќе го блокираат патот до рудникот, но и локалитетот што се истражува.
Сузана Мицева



