
КОД: Кои градови и кои скопски села се жаришта на организираниот криминал во Македонија според меѓународни извештаи
Најголемите жаришта на организираниот криминал во државата се покрај главниот град Скопје, Тетово, Куманово, Велес, Штип и Кочани. Ова го тврди извештајот на Глобалната иницијатива кој е објавен на крајот на мај. Во вечерашното издание на КОД се извадени главните поенти на овој извештај во кој се тврди дека крупниот криминал опстанува поради политичките и партиските врски и потреби.
Имињата се наведени во извештајот на Глобална иницијатива, ЖАРИШТА НА ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН. Објавен е минатиот месец и има многу детали за Македонија. Но и во многу тие описи за Македонија, стои дека политичките врски со партиски претставници се користат во многу криминални зделки.
Во истражувањето се користено и интервјуа со луѓе од пределите кои се оценети како жаришта на организираниот криминал. Лани во ноември истражувачите на глобалната иницијатива разговарале со полицајци, локални жители, функционери, новинари.
Во таа активност со истражувачите се видел и поранешен полицаец. Им дал детали како се работи од македонската страна на преминот кон Косово, кој е најблизок до Тетово. Јажинце-Глобочица. Им открил дека постои силна врска меѓу полицијата- криминалците и политичките структури.
Полицаецот тврдел дека меѓу граничните службеници има луѓе кои се под контрола на локални партиски функционери, а таквата зделка е во согласност со децениската пракса „со која контролата на граничните премини премолчено се дава на политички сојузник во замена за поддршка за владејачката партија“, стои во извештајот на голобална иницијатива.
Интервјуираниот полицаец дури дал и објаснување како прекуграничниот шверц се одвива во пракса.
„По полноќ, околу 3 часот, полициските и царинските службеници често добиваат наредби од нивните шефови да ги исклучат сите камери и да замижат на околу половина час. За ова, се разбира, тие добиваат соодветна награда. Камионот што поминува во овој период, припаѓа на криминална група која го дели профитот со високи претставници на албанската владејачка партија.“
Иако извештајот е обелоденет пред повеќе од три недели засега нема никаква јавна објава дека домашните институции го истражуваат ова сведочење.
Миомир Серафиновиќ
Во Код објавуваме имиња на конкретни градови како седишта на организиран криминал. Како и каде се наоѓаат базите на најголемите скопски криминални групи? Зошто на Западниот Балкан односот меѓу државните структури и криминалните групи е заедничка инвестиција ?
Во КОД гледајте го и интервјуто на Federico Cafiero De Raho национален обвинител за борба со Мафијата во Италија.
Емисијата КОД вечерва ќе се емитува по централните вести на Телма кои ќе следуваат по ракометниот натпревар Македонија-Грција, во 20.15 на Телма.