Брачен пар со свои пари го решава проблемот со кучиња-скитници во Битола

Фондацијата Бибевски, основана од Џенифер и Стив, брачен пар кој живее и работи во САД, со донација ќе помогне да се решава проблемот со кучињата скитници во Битола.  Стив е по потекло од Македонија, а  при една посета на семејството  пред 6 години, тој и сопругата биле изненадени од големиот број бездомни кучиња. Така се родила  идејата   да помогнат за надминување на ваквата состојба, по што следеле подготовки за реалзиација на проектот.  Џенифер која е ветеринарен хирург заедно со битолските ветеринари деновиве ја  започнаа акција за стерилизација, кастрација, чипирање и вакцинирање на кучињата.

  • Направивме експертиза и имаме искуство за да ја промениме состојбата. Работиме заедно со локалните ветеринари и голема група волонтери за да можеме да направиме нешто за животните, рече Џенфер Бибевска, ветеринарен хирург.

Ова е тежок и долг процес, вели Стив Бибевски, а освен во Битола,  идејата  е проектот на Фондацијата да се спроведе  низ цела Македонија.

-Сметмаме дека ќе имаме влијание на вакавата систуација и за 10 или повеќе години да се реши проблемот. Има 10 или 20 илјади кучињеа, тоа  е голема бројка и не може да се контролира таквата состојба. Нашата прва мисија е таа работа да се среди, вели Стив Бибевски, од Фондацијата Бибевски

Следната цел е да се отвори  стационар  за  бездомните кучиња во Битола, а донаторите веќе оставриле контакти  со локалните власти  и со претставници од Ветеринарниот факултет  и од средното Земјодлеско училиште каде има ветеринарна насока, од каде очекуваат логистичка поддршка.

 

Емилија Мисирлиевски

 

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ