
Тимоние: Датум до крајот на годинава, а дотогаш спроведување на реформите и решавање на статусот на СЈО
Повеќе од извесно е дека Македонија ќе добие датум за старт на преговори а во тој период Владата мора да се фокусира на спроведување на реформите и имплементирање на законите неопходни за интеграциските процеси на државата, смета францускиот амбасадор Кристијан Тимоние. Клучен закон е Законот за СЈО кој мора што побрзо да се донесе бидејќи владеењето на правото е приоритет кај повеќе држави членки на Унијата, нагласи амбасадорот Тимоние кој присуствуваше на меѓународната конференција „ Од партнерство до членство: Сверена Македонија и француско – германската перспектива“ која ја организираше Европското движење и Фондацијата Конрад Аденмауер.
Тој е дециден дека датумот за старт на преговорите нашата држава ќе го добие до крајот на годинава а за јунскиот термин кој го пропуштивме смета дека е рано да се бара причината бидејќи мора да се направи анализа и додаде дека и ЕУ и нашата држава се наоѓаат во суштински период значаен за сите.
Потпретседателот на Европското движење Мухамед Халили, смета дека станува збор за две различни концепции – француска и германска. Според него, француската концепција е потешка и подолга, а тоа е планот за Западен Балкан на Франција што подразбира тесна соработка во стопанството, финансиите, одбраната, внатрешните работи, зацврстување на стабилноста не само во државата, туку и во зачувувањето на границите, додека германскиот став е многу полесен, затоа што се повикува на проширување на ЕУ.
Тој додаде дека е убеден, напшата држава до крајот на годинава ќе го добие датумот за старт на преговорите и процесот ќе почне во јануари идната година.
Експертската јавност анализирајќи ја средбата на премиерот Заев со канцеларката Меркел смета дека позитивните сигнали од Германија ќе се реазилизраат, и во септември Бундестагот ќе и даде на германската Влада зелено светло во поглед на датум за старт на преговорите. Тие сметаат дека пораката на канцеларката Меркел е јасна и недвосмислена а далчи тоа ќе се случи на почетокот или крајот на сепметври зависи од обемот на работа кој ќе го има Бундестагот.
Огнен Чанчаревиќ