
Земјоделските производи губат на квалитет заради полските патишта
Земјоделското производство губи на квалитет дури стигне до пазарите главно поради несоодветниот транспорт, велат земјоделците.
Лошите патишта од нивите до пазарите и откупните центри, несоодветното пакување и транспорт честопати се причина за производите да губат на тежина и квалитет.
Затоа струмичките земјоделци бараат да се тампонираат главните полски патишта во општините.
За таа цел општина Струмица аплицираше до министерството за земјоделство и доби средства за тампонирање на повеќе локации низ струмичкото поле.
Струмичките земјоделци велат дека за поголема конкурентност на македонското производство мора да се скрати патот не само од сеидба до берба, туку и од берба до продажба на производите.
Сузана Мицева