
Штипско и Овчеполе без вода заради оштетени цевки за наводнување
Штипско и Овчеполе останаа без вода. Земјоделците реагираат дека житото и детелината им се исуши, бидејќи при изградбата на експресниот пат Штип-Кочани оштетени се повеќе цевки од системот за наводнување.
Бараат водата од езерото Калиманци што поскору да пристигне до нивите, ако за десеттина дена не им се реши проблемот ќе останат без род.
Надлежните од водостопанското претпријатие информираат дека градежната компанија мора да ги санира цеквите за наводнување, со цел земјоделците да добијат вода до нивните ниви.Додека едни се без вода, на неколку километри на истата траса, земјоделците од кочанските села Тркање и бања бараат изградба на пристапен пат до нивите со површина од 500 хектари. Предлогот им е да се искористи полскиот пат, кој со векови постои.
Директорот на јавното претпријатите за државни патишта, Зоран Китанов за Телма вели дека постојат станарди при изградбата на експресните патишта, со проектот се предвидени клучки за населените места, додека пак за штетите на системот за наводнување, кои ги направи градежната компанија дециден е дека треба веднаш да ги санира.
Викторија Димитрова Јованова