За избеганите ѕверки на Спасовски му се виновни судиите  

Министерот Спасовски повикува во лов на зверки кои имаат криминални дела, но не кажува ниту едно име ниту на таквите големи риби ниту пак посочува име на судии или обвинители кои им прогледуваат низ прсти.

Последните две недели министерот упорно инсистира правдата да се сврти и кон оние кои ја делат бидејќи има сомнежи за нивни незаконски дејствија. Обвинителката за организиран криминал и корупција Вилма Рускоска вчера пак изјави дека освен за еден управен судија, во моментот нема други судии кои се под истрага. Претседателот на кривичниот суд Иван Џолев оцени дека треба конкретните случаи да се посочат со имиња, а не да се генерализира, но Спасовски најавува дека доколку не почнат истраги ќе мора да се оди јавно и да се објават имињата на спорните судии.

Спасовски досега помина повеќе од две години во МВР, но дури сега ја активираше приказната за судии кои осолободуваат големи ѕверки иако тоа се случува со години, а особено во случаите на СЈО, чии тројца обвинети и осудени, меѓу кои и екс премиерот Груевски се во бегство иако имаа определен притвор или требаша да заминат на издржување на казна.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ