Најдени нови докази за случајот со ИПА фондовите

Докази пронајдени при претреси во Италија , македонското обвинителство за организиран криминал ќе ги користи во истрагата против државниот секретар во министерството за информатичко општество Јахи Јахија и раководителка во министерствот за злоупотреба со ИПА фондови тешка повеке од 1 милион евра.

На апсењата пред два дена им претходела дво месечна соработка со италијанските колеги, посочи директорот на бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски.

Овој случај беше посочен како пример на добра соработка мегу македонските и италијанските истражни органи на денешната конференција на која обвинителско полицискиот врв од двете земји, меморандум за соработка потпиша државен обвинител Љубомир Јовески и италијанскиот антимафија и антитероризам обвинител Федерико Кафиеро Де Рахо. Де Рахо кој од Скопје го цитираше неговиот претходник Џовани Фалконе не сакаше да коментра за истрагата за ИПА фондовите на што работеле неговите колеги од обвинителството во Милано но посочи дека италијанското министерство за правда подготвува база на податоци за обивнителите од балканските земји да можат да разменуваат информации за истраги,  слична на онаа што функционира во Италија.

Де Рахо откри дека дирекцијата за антимафија и антитероризам годишно води и по 100 илјади предмети. Русковска вели дека дека има неколку предмети за актуелни функционери за економски криминал но не откри закого бидјеки биле во фаза на предистрага.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ