Општините не знаат да ги користат европските пари

Општините уште не знаат како да ги користат европските пари што им стојат на располагање.

Кадарот што има искуство си заминува и не е мотивиран, а пристапот е пасивен и не може да се обезбеди фокус како тие вистински да се поврзат со реалните потреби на локалните жители.

Ако се направија промашувања со ИПА 1 парите, овие проблеми се провлекуваат и со ИПА 2 програмата, покажале истражувањата на невладиниот сектор во изминатата гдоина и половина. Носител и координатор на проектот е НВО “Инфоцентар”.

„Најгоркиот проблем се техничко административните капацитети, односно расположливите човечки ресурси, кои треба на свој грб да ги носат овие процеси. Од една страна има осипување на кадри, односно тие што учествувале во претходни програми, веќе не се дел од овие програми“, вели Марјан Степановски од невладината Евротинк.

Мора да се создадат, вели, специјализирани кадри, независно дали станува збор за проблеми од животната средина, социјални или културни услуги. Ова е битно не само за претпристапните пари, туку и за другите европски програми, од кои во дел земјава веќе учествува. Но обуките, за кои има многу проекти, се уште се табу за локалните власти.

За четири општини се направија и акциски планови за подобро користење на парите, Струмица се смета за позитивен пример. Но и таму имаат предизвици, велат, ова се тешки пари, тие што ги одобруваат парите треба да се убедат дека проектите се зрели и навистина ќе ги задоволат потребите на граѓаните, самите тие,  пак, имаат многу малку доверба во тоа.

„Треба да се вклучат и националните чинители, збориуваме локално, локално ниво, но сите проблеми произлегуваат од национално ниво“, вели Ѓоко Ристовски, општина Струмица.

Локалните власти имаат и други маки, велат, треба прво сами да го финансираат проектот, а потоа донаторите да им ги признаат трошоците и да им ги дадат парите.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ