
Попис низ политичка призма
Уште една лажна вест од високото раководство на ВМРО ДПМНЕ. Вака СДСМ ги оцени наводите на опозициската партија дека владеачките партии прават политички договор околу пописот.
Во СДСМ се подготвени за усогласување на законските решенија но потсетуваат дека токму ВМРО ДПМНЕ 11 години не успеа да реализира попис токму поради политички калкулации.
ВМРО ДПМНЕ бара сите партии заедно да ја утврдат методологијата на попишување. За нив е неприфатливо да бидат опфатени сите што имаат матичен број, вклучувајќи ги и оние без државјанство.
Лидерот Мицкоски изнесе сознанија дека владеачките партии договораат редефинирање на политичкиот систем.
И другите парламентарни партии имаат забелешки на предложениот закон.
Законот е предложен со европско знаменце. Комисијата за европски прашања, која прва треба да го разгледува, закажа седница, па ја откажа.
Со законот се предвидува попис во април 2020-та, а на 7 јуни стартува пробно тестирање на новиот електронски систем на попишување.
Соња Николовска