Државен секретар во МИОА дал доверливи тендерски информации и за нив наплатил 40 илајди евра

Ги дал деталите од тендерот кој допрва требало да се распише а за возврат добил пари и патувања во странство. Државниот секретар во министерството за информатичко општество и администрација Јахи Јахиу утрово е приведен под сомневање за злоупотреба на службената положба и овластувања и примање мито. Покрај него осомничена е и поранешната раководителка на секторот за ИПА фондови во истото министерство која во моментов не е во државата.

Во меѓународната истрага е утврдено дека Јахиу и неговата колешка го сториле делото во текот на 2014 и 2015 година. На сметка на италијанската фирма три пати патувале во странство каде имале средби со нивни претставници на кои им откриле детали од тендерот. Подоцна тие конкурирале и го добиле тендерот тежок еден милион евра а на Јахиу и неговата соработничка им се исплатени 38 односно две и пол илјади евра

Во рамките на акцијата се извршени претсетси во Скопје и Куманово и во Милано, каде е седиштето на фирмата добитник на тендерот, а запленети се комплутери, мобилни телефони, документација и два нелегални пиштоли.

Од Кривичниот суд соопштија дека Јахиу сеуште е во полициска станица и не е донесен на распит пред судија на претходна постапка кој требва да одлучи по барањето на обвинителството за притвор.

Од обвинителството соопштија дека истрагата била отворена по информација од Европската служба за спречување измама – ОЛАФ, траела веќе два месеци и во неа учествувале Италија, Холандија, романија и дружи држави од Унијата.

„Предметот е од меѓународни димензии и е инициран од страна на Европската служба за спречување измама – ОЛАФ која преку Јавното обвинителство во Милано, Италија, достави замолница за меѓународна правна помош до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција“, велта од Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Јахиу, кадар на ДУИ, од 2001 година работи во агенцијата за администрација, а од 2011 година ја извршуива сегашната функција државен секретар во министерството. Според информациите на Телма, ова не е прв пат Јахиу да биде во судир со законот. Тој во 2005 година е пријавен за изборни нерегуларности, односно кршење на гласачки кутии но наредната 2006 година делото е преквалификувано во поблаго и тој е осуден на праична казна.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ