Екс претседатлеот на ДИК Чичаковски  сака да стане управен судија

Екс претседателот на ДИК Александар Чичаковски кој се поднесе оставка поради аферата со бонусите конкруирал за управен судија. На денешната седница на судскиот совет неговото име беше прочитано меѓу кандидатите кои полагале тестови за работа со компјутери. Доколку биде избран Чичаковски ќе биде втор член од претходниот состав на ДИК кој станува судија. Претходно за судија вишиот управен суд беше избран Субхи Јакупи што предизвика реакции во дел од јавноста .

Освен Чичаковски за двете слободни судиски места во Управниот суд, според информациите на Телма, се пријавиле над 50 кандидати. Овој оглас e по стариот закон, односно последен воз за да се стане судија без академија за судии и јавни обвинители. Според новиот, во управен суд ќе може да конкурираат само кандидати со завршена академија.

И додека судскиот совет се подготвува да избере нови судии во Управниот суд еден актуелен управен судија  доби суспензија до правосилност на кривичната постапка, велат извори на Телма во Советот. Членовите на судски одлучиле времено да го одалечат од судиската функција управниот судија Мустафа Шахини поради истрагата што против него ја води обвинителството за организиран криминал, за  злоупотреба на службената положба со судски предмет за денационализација на имот покрај Охридското езеро.

Судскиот совет и по повеќе од една година се уште не ја завршил постапката за одговорност за претседателот на Врховен Јово Вангеловски и уште 4 врховни судии  кои одлучува за притврото на бизнисменот Кочан. Минатата недела повторно биле повикани судиите да дадат исказ пред судски совет, но според информации на Телма, тројца не дошле меѓу кои и Вангеловски.

Со три наспроти два гласа судиите од Врховен во 2017 год. му го укинаа притворот на бизнисменот Кочан додека тој беше во бегство. Здравев  кој во судски совет дојде од Врховен  вели дека не ги штити поранешните колеги.

Сите постапки се во тек. Се работи по сите постапки независно дали е во прашање Киро Здравев, Јово Вангеловски или било кој судија. По сите предмети се постапува и се земени во работа

Судскиот совет денеска отвори постапки за уште тројца судии, од кои двајца се од Врховниот суд.

Елена Ивановска Муковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ