Поглаварот на ИВЗ по четврти пат не дојде на распит во ОЈО

Реисот Сулејман Реџепи по четврти пат не дојде  во скопското обвинителство.  Денешниот  распит го откажал неговиот адвокат, кој поради здравствени причини побарал одложување и нов датум за распит, велат од обвинителството за Телма.

Реџепи требаше да даде исказ, за пријавите за говор на омраза. Обвинителството го истражува за три случаи.

Пријавата на Хелсиншки е за изјавата на церемонијата на поставување камен темелник на џамијата во село Арнакија,  кога се обрати до присутните верници со зборови кои предизвикуваат омраза, раздор, нетрпеливост и исмејување на македонскиот народ , нарекувајќи ги  „животиња народ“ .

Вториот случај за говор на омраза е за клетвите кои и ги упати на судијката која го впиша во регистарот како нов поглавар Скендер Бузаку.

Последната  пријава е од Бузаку , исто така за говор на омраза.  Пред две недели тој сведочечше во обвинт, по што во изјава за медиумите рече  дека постојано прима навреди и закани за ликвидација од  Реисул Улема Сулејман Реџепи.

Бузаку, во телефонски разговор ни одговори дека Реџепи со непојавувањето на распит купува „време“ , а и дека обвинителство за сите  три пријави за говор на омраза ги споило во еден предмет.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ