
Приведен осомничениот за убиството на Бурим Идризи
Денеска на локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го приведоа 29 – годишниот О.А. од Скопје, кој се бараше за убиство извршено на 20.12.2017.
Бурим Идризи, 24 години, беше убиен пред околу две години во вооружен инцидент во Чаир, поточно на улицата „Џон Кенеди”, пред средното училиште „Цветан Димов”.
Според очевидци, пукано е од “Калашников” од возило во движење , ,, Југо“, а 24 -годишникот е усмртен со шест куруми додека стоел на автобуската станица пред училиштето.