
Европскиот суд за човекови права со пресуда во корист на Љубен Пауновски
Европскиот суд за човекови права пресуди дека на поранешниот министер за одбрана Љубен Пауновски му било нарушено правото на судење во разумен рок но ги одби жалбите за повреда на други права од конвенцијата.
Деновиве судот во Стразбур утврди повреди и за лустрираниот кичевски судија Драги Билевски чиј начин на лустрација стана дел и од истрагата на СЈО за случајот „Моќник“ против пратнеикот Антонио Милошоски.
За ова и за причините поради кои граѓаните со години правдата ја очекуваат од судот во Стразбур слушнете од разговорот со директорката на Бирото за застапување пред Европскиот суд за човекови права, Даница Џонова. Со неа разговараше Елена Ивановска.