И децата со пречки во равојот имаат свои таленти

И децата со пречки во равојот имаат свои таленти, но, тие остануваат непрепознаени и ретко  се открива нивниот потенцијал. Наспроти светските трендови за нивна инклузија во општетсвото, кај нас овие деца се најчесто на маргините. Здружението на лица со интелектуална попреченост „Порака“ од Битола силно притиска да се променат овие сосотјби, па во рамките на проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“ организраше спортски натпревар во кој покрај децата со посебни потреби  учествуваа и нивни другарчиња од повеќе училишта во Битола.

-Ќе докажеме дека лицата со посебни потреби можат да спортуваат, можат да пеат, можат да бидат корисни за општеството во секој сегмент од секојдневното  живеење, вели Јулијана Трајчевска претседател на Здружението „Порака“.

Покрај спортските активности, децата со посебни потреби  во рамките на овој проект имаа можност да ги покажат и своите музички таленти. Исто така посетуваат и обуки по англиски јазик и компјутери.

-Тие обуки се бесплатни, започнаа во февруари, сега се веќе при крај, кон крајот на јуни треба да завршиме, но имаме позади нас неколку добри месеци на дружење и учење,  вели Сиомна Јовчевска од Центарот за едукација  „Лотус Ј“ од Битола.

Покрај инклузивното образование, исклучително е значајно и пошироката средина да им овозможи на лицата со попречености да ги развиваат своите способности, велат психолозите.

-Креирањето на амбиент во кој што лицата со попречености ќе ги остваруваат своите основни човекови права, не е никаква привилегија туку неприкосновено  човеково право, вели Марија Младеновска Димитровска, психолог.

Од „Порака“ велат  дека проектот „Попреченоста е само прашање на перцепција“  е мал, но значаен чекор за што поголема социјализација на децата со посебни потреби  и ги повикауваат родителите  да им овозможат што повеќе време да минуваат со своите врсници.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ