„Одлучен удар“ ќе ја зголеми интероперабилноста на шест армии

Кога некој одив во војна не оди да се бори сам, поради тоа потребна е соработка меѓу сојузниците, а не само градење на индивидуланите капацитети на армиите. Порача денеска шефот на Бирото на националната гарда на САД, генерал Џозеф Ленгиел, од воениот полигон „Криволак“, каде се одржува досега најголемата воена вежба на овој полигон со вкупно 2.700 војници и тоа од родовите пешадија, артилерија, специјални единици и авијација.

„Оваа вежба е да покаже колку е силен нашиот завет на партнерство. Вежбата„Одлучен удар“ испраќа јасна порака дека САД и нејзините сојузници работат заедно за нашата колективна безбедност и одбрана“, изјави ген. Џозеф Ленгиел, шеф на Бирото на националната гарда на САД.

Тој посочи дека вежбата ќе ја подобри подготвеноста и интероперабилноста на припадниците на шесте национални армии кои учествуваат во вежбата и тоа од Макадонија, САД, Литванија, Црна Гора, Албанија и Бугарија.

Ленгиел за македонската армија рече дека таа брзо станала безбедносен партнер на САД, испраќа свои сили да се борат во Ирак и Авганистан и на други места и оти земјата се обврзала на колективна безбедност на НАТО. Според него таа ќе биде силен НАТО сојузник.

„Македонската армија прави многу работи да биде интероперабилна и да биде поподготвена како сила. Таа ја подготвуваше оваа вежба година и половина. Комплексноста да донесеш 2.700 војници и опрема од повеќе земји и помага да стане интероперабилна сила. Тоа е повеќе од само интегрирање на техничките средства, туку доведување на процесите на армијата на Северна Македонија заедно со сојузниците во НАТО“, изјави ген. Џозеф Ленгиел, шеф на Бирото на националната гарда на САД.

Воената вежба „Одлучен удар“ стартуваше на 5 јуни и ќе трае до 9 јули, на која на 17 јули ќе се приклучат и воени авиони на армијата на САД.

Тамара Грнчаровска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ