
200 полски навивачи приведени по тепачка во Градски парк
200 полски навивачи се приведени пред почетокот на натпреварот Македонија – Полска, во квалификациите за Еуро 2020.
Полските навивачи се степале меѓу себе во Градскиот парк во Скопје, попладнево пред почетокот на натпреварот.
Полицијата ги приведе и со два градски автобуси се однесени во повеќе полициски станици во Скопје.
Полските навивачи уште вчера предизвикуваа нереди во градот. Вчера во центарот на Скопје биле приведени четворица навивачи од Полска кои се тепале меѓусебно.
Полицијата го потврди доаѓањето на 2.000 навивачи од Полска. Полските „ултраси“ важат за една од најагресивните навивачки групи.