Заев гарантира дека бомбите на Ел Чека не протекле од него, СЈО ја дообјаснува Јанева

Најави 6000 бомби а не стаса ни до 60, кичевецот со псевдонним Ел Чека повеќе не објавува прислушувани разговори. Профилите на Фејсбук од кои минатата недела детонираше разговори мегу поранешни и сегашни функционери, повеќе ги нема на оваа социјална мрежа откако тоа го побара обвинителството и полицијата.

Од кичевското обивнителство кое минатиот петок ја презема истрагата за Ел чека, нема нови информациии. Обвинителството ќе треба да открие и од каде излегле прислушуваните и како стасале до Чикаго.

Премиерот и лидерот на СДСМ гарантира дека не протекле од неговата партија.

По вчерашната изјава на Јанева, од СЈО преку соопштение ја дообјаснуваат шефицата. Денеска се децидни дека разговорите објавени од Ел чека не потекнуваат од нивното обвинителство и уверуваат дека сите аудио материјали со кои располага СЈО се чуваат под строго пропишани безбедносни процедури кои опфаќаат физичка, административна и информатичка безбедност на информациите.

  • Повторно потенцираме дека ова Јавно обвинителство ја гарантира единствено безбедноста на сите аудио материјали со кои располага, и во оваа прилика, како и повеќе пати досега, ги повикуваме сите субјекти кои поседуваат аудио материјали кои се предмет на незаконско следење на комуникациите истите да ги достават до СЈО (ЈОНСК).

Од Алијанса на албанците пак кусо коментираат дека тоа што го прави ел чека во моментот не е ништо поинаку од тоа што го правеше Заев пред 4 години.

На 30-ти декември 2015 година Заев како претседател на опзоцијата што го водеше проектот Вистината за Македонија ги предаде при бомбите во СЈО.

Случајот со Ел чека не е прв пат прислушувани разговори да се објавуваат на социјалните мрежи. Претходно беа снимките објавени од Илија Громовник на руска социјална мрежа, а пред 2 години на ју тјуб протекоа приватни разговори на јавни личности преку профил со псевдоним Никола Тесла .

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ