По Арбер Адеми и Агим Нухиу унапреден во вонреден професор на тетовскиот универзитет

Антикорупциската комисија по преставка од просветен инспектор Илиевски ќе истражува како тројца носители на јавна функција добиле унапредување на Тетовскиот универзитет. Освен првиот човек на министерството за образование Арбер Адеми, работа на антикорупционерите им отворија и заменик министерот за внатрешни, Агим Нихиу и директорот на индустриска сопственост Сафет Емрули.  И двајцата се унапредени во вонредни професори, иако агнажманот на факултетот им е во мирување.

Инпекторот Илиевски тврди дека министерот Адеми од него побарал да не објавува за неговото унапредување.

Од Владата не ги коментираат унапредувањата на тројцата државни функционери. Велат  дека не можат да се мешаат во работата на Антикорупциска.

По скандалот, Алијансата на  Албанците , побара оставка министерот Адеми. Велат дека откако е на оваа функција образованието го следат само скандали.

Министерот за образование Арбер Адеми , вчера изјави дека одговорот на прашњето како станал доцент додека бил министер без ресор треба да се бара од  тетовскиот универзитет. Агим Нихиу, не одговара на нашите телефонски повици, а Сафет Емрули, одбива да коментира.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ