Бомбите за Ахмети „утринска слана што брзо ќе исчезне“

„Утринска слана што брзо ќе исчезне“. Вака лидерот на ДУИ, Али Ахмети, ги прокоментира прислушуваните телефонски разговори што деновиве се објавуваат на социјалните мрежи.

Ахмети, денеска го прослави 17-от роденден на ДУИ, заедно со министрите, за чија реконструкција, пак, не стана ниту збор. Поранешниот министер за правда, тврди дека ниту тие не знаат кои се плановите на потесното раководство.

За време на краткото, 40 минутно одбележување, зборуваше само Ахмети, кој се осврна на постигнувањата на партијата, притоа спомнувајќи ги и договорот од Преспа и Законот за јазиците.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ