
Шестмина сведоци го бранеа Фејзи Азири обвинет во Монструм
Специјалното јавно обвинителство по една година молк откако го презеде повторениот процес за Монструм во бурна расправија со адвокатите соошти дека имаат и слики како докази од сив џип кој наводно го возел Фејзи Азири деновите пред убиствата. Обивнителиот Гаврил Бубевски не откри повеќе, иако одбраната очекува новите докази што поскоро да бидат предложени до судот.
Најавата за нови материјални докази доѓа по исчекувањето на сите во судницата СЈО да изненади со аудио „бомби“. Но, до сега нема потврда дали постојат такви разговори. Рочиштето помина во распрашување на шестмина сведоци кои даваа одговори во одбрана на обвиентиот Фезји Азири. За движењето и работнтие активности на Азири зборуваа етнички македонци, албанци, од земјоделци, автомехеничари и ветеринари.
Ниту еден сведок не потврди со точност каде и што правел Азири на денот на убиствата. Судијата Огнен Ставрев се обидуваше од првите сведоци да уврди како регистерската табличка од стар мерцедес завршила на опел омегата со која се превезувале обвинетите, ниту еден не успеа да објасни. Судечкиот совет одново им соопшти на присутните дека за двајцата прво обвинети бегалци Алил Демири, и Африм Исмаиловиќ косвоските власти сеуште молчат по барањето на есктрадиција.
Павле Беловски