Јанева дала одобрение да му биде вратен пасошот на Камчев

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска изјави дека дала одобрение да му биде вратен пасошот на одредено време на бизнисмениот Орце Камчев бидејќи тој требало да учествува во некој управен одбор во странство, но не прецизираше каде.

Не би сакала да бидам адвокат на Орце Камчев во смисла на тоа да го бранам. Сметавме дека е потребно да му се даде пасошот бидејќи истрагата во делот на прибирање на финансиската документација е прибрана и се анализира во моментот, изјави Јанева.

Додаде дека соработуваат и адвокатите и другите обвинети во предметот. – Поената на СЈО е да истражиме дали има коруптивни елементи, валкани пари во делот на високите функционери. Затоа тука е осомничен и Сашо Мијалков,а другите осомничени лица се помошници на Орце Камчев, истакна Јанева.

Специјалната јавна обвинителка посочи дека обвинителството дава само мислење, а судот е тој кој ја донесува одлуката за враќање на паасошот.

Јанева додаде дека СЈО ќе ги истражува бомбите, односно прислушкуваните разговори  што беа објавени деновиве на Фејсбук профилот „Ел Чеко“. Специјалната обвинителка Катица Јанева вели дека нема информации од каде се обезбедени, но не ја исклучува и можноста истите да протекле од СЈО.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ