Штипската Клиничка болница не е надлежна да го реконструира Одделението за Физикална терапија

Штипската Клиничка болница не е надлежна да го реконструира Одделението за Физикална терапија, каде што секојдневно се лечат над 160 пациенти од источниот регион, истакна на денешната прес-конференција, директорот Ален Ѓеорѓијев.

Трета година по ред овој објект има двајца сопственици, две третини се на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, а останатиот дел е на министерството за здравство. Ѓеорѓијев вели дека за да се решат проблемите околу оваа одделение, побрано е целиот објект да се врати во владение на министерството за здарвство.

За целосна реконструкција на физикалната терапија, која ги користи лековитите води на бањата Кежовица се потребни околу два милиони евра, а како што пред четири дена информиравме на оваа одделение условите се катастрофални, за што сведочеа и самите пациенти.

Влага, искршени прозорци, напукнати ѕидови и тавани се дел од условите во кои се лечат пациентите, но и работи и медицинскиот кадар.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ