
Судството пак со најлоши оценки од граѓаните
Судството е се уште на врвот на институциите со најлоша оценка од граѓаните, покажува истражувањето на јавното мислење за поглавјето од Еу што ги опфаќа правосудството, корупцијата и темелните права. 62 проценти се изјасниле дека немаат доверба во правосудниот систем.
Вработените во државната администрација сметаат и дека, во однос на корупцијата стоиме прилично лошо.
Истражувањето, спроведено од Халсиншкиот комитет, ЕПИ и Мрежа 23, ги покажува наодите од искуствата, сознанијата и перцепциите на вработените во државната администрација и правосудните институции по однос на состојбите во правосудството, борбата против корупцијата и основните човекови права. Во последниот дел, најдобро,но и тие со 3,89 се оценети правата во образованието, додека најниско, со 2.46 – еднаквоста пред законите.
Ниски оценки од 2,65 до 3 добиле и правото на правично судење, на ефективен правен лек, почитувањето на приватноста и слободата на изразување. Вкупно 47 проценти од испитаниците сметаат дека институциите имаат капацитет да ги спроведат реформите во областа на Поглавјето 23 на ЕУ.
Една третина или 34 отсто од испитаниците сметаат дека институциите се доволно стручни за спроведување на реформите, додека само четири проценти од вработените во државната администрација сметаат дека институциите се целосно независни од политичките партии при спроведувањето на реформите.
73 проценти, пак, се изјасниле дека владата има големо влијание во спроведувањето на реформите и тоа значително поголемо од Собранието, судовите и професионалците во тие области.
Далиборка Демјанска