Легализација наместо дислокација

Легализација наместо дислокација. Ова е барањето на жителите од дивата населба покрај струмичкиот транзитен пат. Велат дека таму живеат со децении и бараат да добијат право на легализација на своите домови.

Оваа населба низ годините од деетина колиби од картон и даски, прерасна во кварт со улици и стотина еднокатници од тврда градба. Затоа за локалните станари дислокацијата е уште потешка иако живеат во мизерни услови без водовод и канализација.

Општината пак вели дека се подготвува проект за дислокација кој предвидува нова населба и за тоа се обезбедуваат средства.

Проблемот со дивата населба трае долги години. Општина Струмица последните десетина години бара начин да се премести населбата а жителите да се обесштетат со нови домови, но наидува на отпор кај населението и недостаток на средства за реализација на овој сложен проект.

Сузана Мицева

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ