Стинг: Јас сум од реалноста и не сакам да бидам легенда

Телма беше на синоќешниот концерт на Стинг на Градскиот стадион во Скопје. Во ексклузивно интервју за Телма вели дека не се чувствува како легенда, иако повеќе од 40 години ги полни стадионите и музичкте сали во светот. Синоќа во Скопје, донесе музички спектакл на неговите најголеми хитови, создавани со децении.

Концертот во Скопје, е трета негова дестинација од неговата европска турнеја наречена „Моите песни“. Турнејата ја почна во Париз, потоа беше во Софија, па во Скопје. Утревечер има концерт во Љубљана, а за време на турнејата ќе свири низ европските метрополи. Еве што кажа за Телма, пред почетокот на концертот…

Целото интервју со Стинг гледајте го утре во ТОП ТЕМА, посветена на рок сцената.

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ