
Печките – најголеми загадувачи на воздухот
Печките за греење се еден од најголемите загадувачи на воздухот во главниот град според истражувањата на МАНУ . Меѓутоа, во Македонија нема анализи, за тоа колку ќе се подобри квалитетот на воздухот ако луѓето се греат на печки со повисока енергетска ефикасност и пониски емисии во воздухот.Ова во многу европски земји, е регулирано со пропишани стандарди при купувањето на печки.
Oд институтот за стандардизација, велат дека е важно луѓето да почнат да го почитуваат законот за рециклирање на пластиката ,бидејќи и таа е еден од најголемите загадувачи на животната средина.
Подобрувањето на квалитетот на воздухот се разгледуваше и на денешната работилница во Град Скопје, на која беа вклучени и претставници од невладиниот сектор, како и неколку пратеници.
Теодора Цветковска