Граѓаните да се подготват за дигитално плаќање

Граѓаните треба да се подготват за големи новини во дигиталното плаќање кои наскоро  ќе бидат имплементирани во новиот закон за платежни услуги и платните системи, на кој заеднички работат НБРМ и Министерството за финансии, според европските директиви.

Се очекува најавените новини да имаат големо позитивно влијание врз економијата, да поттикнат  иновации и продуктивност, да ги трансформира јавните и приватните услуги и да придонесат за поголемо финансиско вклучување на домаќинствата со недоволен пристап до услуги, какои  да ја  зголеми конкурентноста во банкарскиот сектор. Секако придобивките одат рака под рака со предизвиците, вели  гувернерката на НБ Анита Ангеловска-Бежоска

За новите финансиски технологии и иновации се разговара на Дванаесеттата конференција за плаќања и пазарна инфраструктура, којашто ја организира Народната банка на Северна Македонија во соработка со Банката на Холандија, чии експерти ги презентираа придобивките од таканачереченото инстант плаќање, што ги отвора вратите за нови и модерни платежни продукти.

  • Инстант плаќањата се многу важни затоа што ги отвараат вратите на нови иновации. Во Холандија сметаме дека инстант плаќањето ќе станат нормални и вообичаени во економијата, односно во платежниот систем.  Оваа новина ќе овозможи примателот на средства да ги добие парите само за неколку секунди откако ќе бидат исплатени од плаќачот.

На тридневната конференција во Охрид која се одржува на тема „Отворени врати за менување на платежниот пејзаж“,  претставници на централните банки од евросистемот и на централните банки од регионот на Западен Балкан и Црното Море ќе дискутираат за најновите светски трендови во областа на плаќањата и предизвиците за нивната примена.

 

Горан Момироски

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ