Груевски мора лично да си даде оставка

СДСМ го повика Никола Груевски да го почитува Уставот и лично да дојде од собраникса говорница да ја образложи оставката. Тоа е единствениот начин каде Законодавниот дом може да ја констатира оставката, вели Костадинов.

ВМРО ДПМНЕ тврди дека има и друг начин за поднесување оставка.

Наредната недела ќе биде закажана пленарната седница на која пратениците ќе расправаат по Извештајот на Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања која даде зелено светло за одземање на мандатот на Груевски. Тој пред два дена  преку фејзбук ја најави оставката  со образложение дека не сака поради него партијата и пратениците да бидат изложени на притисоци, лажна пропаганда, на непријатности и медиумски линч од страна на Владата.Во Будимпешта е повеќе од 6 месеци кога требаше да биде притворен за предмет од СЈО.

 

Јулијана Лефковска

 

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ