
Заев: Ќе го зголемиме нашето учество во мисиите во Ирак и Авганистан
„Спремни сме за обврските што ни претстојат. Владата е цврсто решена за 0,.2 проценти да го зголемува воениот буџет секоја година и до 2024 тој да изнесува два отсто од БДП за модернизација на армијата и индивидуалните способности. Војската во иднина ќе го зголеми своето учество во мисиите и ќе помагаме во НАТО-фондовите во Ирак и Авганистан, односно во борбата против ИСИС и ДАЕШ“, рече премиерот Зоран Заев, на денешниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО кој се одржува во Скопје.
Заев истакна дека Македонија веќе има голем бенефит од членството во Алијансата.
Министрите во Владата кои се членови во НАТО-комитетот рефереираат пред Столтенберг подетално за сработеното во нивните ресори во поглед на приклучувањето кон НАТО.
„Македонија е мала земја но сериозен партнер на сите земји членки во НАТО“, додаде Заев.
Столтенберг, исто така, рече дека сите можат да ги видат бенефитите од членството на Македонија во НАТО и се поголемите инвестиции.