За една недела 12 нови случаи на морбили во Штип

12 заразени од морбили само за една недела се регистрирани во Штип. Со потешка клиничка слика се хоспитализирани шестмина, а исто толку се лекуваат амублантски на Инфективното одделение. Нозозаболените се над 30 години, а меѓу нив има и хигиеничарка од едно училиште и текстилни работници. Епидемиолозите од штипскиот Центар за јавно здравје извршија и имунизација на наставниот кадар, а според вакционалниот статус на учениците нема место за паника за ширење на оваа заразна болест.

Во Штип вакцината против мали симпаници ја имаат примено околу 500 граѓани, со цел да се заштитат, но и да не се шири болеста. Најголем интерес за имунизација има кај населението над 30 години.

Пред десеттина дена   се појави заразата  во една штипска конфекција.  Здравствените работници тогаш потенцираа дека постои ризик за ширење на заразата со морбили во Штип, бидејќи заболените текстилните работнички на работа пристигнуваат со автобуси, но имале и контакт со семејствата. Затоа и будна ја следат состојбата со новозаболените пациенти. Според епидемилозите единствен начин да не се шират малите сипаници е имунизација на населението.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ