
Дали Охрид ќе остане на листата на заштитено културно наследство?
„Охрид град на УНЕСКО“ пишува на таблата поставена на зградата на општината. Ќе продолжи ли градот да ги ползува придобивките од брендот кој го има во своето портфолио веќе четири децении е неизвесно, дотолку повеќе што поради негрижа за универзалните вредности како што се наведува во Извештајот на Комисијата за културно наследство, може да биде ставен на листата на загрозени подрачја. Најголем дел од забелешките се однесуваат на претераната урбанизација.
Генерално државите ги позиционираат на оваа листа кога се работи за природна катастрофа или војна. Ако нашата држава сака да покаже дека не може да се справи со урбана мафија која е јака како природна катастрофа што да кажеме, подобро нека затворат институциите и нека не работат воопшто.
Познавачите на состојбите не се изненадени од неповолните најави на УНЕСКО. Историчарот на уметност и вљубеник во Охрид Милчо Георгиески кој поседува голема колекција на фотографии од градот некогаш и сега, потсетува дека сериозни забелешки УНЕСКО ни испраќал во повеќе наврати.
Ние како осоколени од тие забелешки почнавме уште понеконтролирано да градиме се и сешто не само на крајбрежјето, туку влегувавме и во водата која сведоци сме понекогаш знаеше да дојде по своето и да си го врати.
Ликот на Охрид е променет до непрепознатливост, во голем дел благодарение на мегаломански проекти кои се реализираа во старото јадро, како што е Плаошник, а засекогаш исчезнаа и некои препознатливи делови од градот.
Пред околу две децении со амин на тогашните власти беа извадени старите камени плочи од охридската чаршија. По сомнителни канали дел од нив завршија во приватни дворови, некои дури и во странство, а останатите во Студенчишкото блато. На нивно место беа поставени нови. Некои од зделката заработија милиони, а Охрид загуби еден од најавтентичните белези.
Уништувањето на универзалните вредности на Охрид е перманентно и за тоа многу е пишувано во медиумите, но едноставно како да не допира до надлежните, вели новинарот Александар Бачиќ.
Фактички доведедени сме во една ситуација сликовито кажано: сите сијалички светат црвено, алармот вришти, пациентот е пред умирање, а ние викаме педикир. Тоа е е генералната слика. Институциите задолжени за грижа на природното и културното наследство ги нема, некои што беа гласни во минатото ги снема.
Во обид да ги ублажи последиците од негативниот извештај државата сега најавува мораториум на сите урбанистички активности во Охрид. Општината подготвува регистар на дивоградби, а во меѓувреме започна отстранувањето на неавтохтоните палми и билборди од крајбрежјето. И експертите и политичарите се согласни дека за да се спаси статусот во УНЕСКО на Охрид, ќе бидат потребни длабоки резови.
За вистински да се спроведе тој мораториум мора да покажат институциите и на локално и на централно ниво вистинска волја, затоа што постојат законски прописи коишто не почитуваат градба, меѓутоа не се почитуваат
Ние сега треба да го убедиме УНЕСКО дека сме подготвиме да направиме и одредени жртви, да срушиме 1,2 – 15 објекти ако ни стиска, ако не ќе продолжиме да го унишуваме градот до непрепознатливост.
Ќе мора да ја донесеме таа тешка одлука и на крај ќе видиме согласно плановите кои ќе се изработат согласно забелешките од УНЕСКО, а останатото ќе мора да се отстрани, а во тоа ќе треба да помогне и државата бидејќи Охрид не е само на охриѓани, туку на сите.
Сепак, експертите се сомневаат дека постои вистинска волја и капацитет кај надлежните институции, да се промени односот кон Охрид како заштитено светско наследство.
Доколку истите луѓе ден денес се на одрдени функции во министертства или заводи за заштита не реагирале, која е причината сега да реагираат.
Извештајот на Комисијата за Светско наследство за состојбата со заштитеното природно и културно наследство на Охрид ќе биде разгледан на претстојниот состанок во Баку, на кој се очекува земјава да добие нови препораки од чија реализација ќе зависи дали Охридскиот регион ќе го задржи УНЕСКО статусот во иднина.
Горан Момироски