
КОД: Ликвидираната штедилница „Дикуко“ наплаќа стари долгови
Станови, дуќани, куќи, плацеви, земјишта – овие недвижности расфрлани низ Скопје, Кавадарци, Неготино, Велес а можеби и други места низ Македонија се имоти на луѓе кои се задолжиле во 90-тите ама долгот го платиле или плаќаат по 2011-та година. Иако поминале и 19 години сопствениците на таканаречената „Банка Дикуко“, и фирмите „Штедилница Менувачница Дикуко“, „Штедилница Дикуко“ со судски амин почнале преку извршители да им ги одземаат имотите. Како штедилница во ликвидација успева да ровари по судовите низ земјата истражуваше емисијата КОД.
Еден од нив е и бизнисменот од Кавадарци Трајан Беќиров. Сега е далеку во Лас Вегас во САД, но и од таму се уште е по судови за да докаже дека на нелегален начин, преку фалсификат и измама, иако го вратил долгот во рок од една година, сопствениците на горе наведените фирми му го одзеле и станот и дуќанот на име на хипотека за невратен долг. А се се случило во 1992-та година кога од „Штедилница Менувачница ДИКУКО“ во неколку наврати позајмил пари. Според доказите кои ги поседува неговиот адвокат Ицко Колевски, иако долгот е вратен во 2011-та неговиот клиент кога сака да го продаде станот дознава дека му е под хипотека, не само станот туку и дуќанот.
И од овде почнува голготата на Бекиров –да докаже дека сите оние белешки, договори, уплатници што ги чувал покажуваат дека е подмирен долгот. Но не е тоа единсвеното што се обидува да им го докаже на судиите, туку и фактот што своевремено тој земал долг од правното лице „Менувачница Штедилница ДИКУКО“, на Рахилка и Диме Куковски а по 19 години парите ги бара друго правно лице „Штедилница Дикуко“ основано од истите луѓе, плус уште едно лице.
Адвокатот Колев тврди дека сопствениците и понатаму се преставувале лажно дека се сопственици на Банка Штедилница ДИКУКО“ и дека Трајан Бекиров не го вратил долгот. По тој основ побарале од судот да ја впише хипотеката, односно дека Бекиров ги заложил станот и дуќанот.