
Се празнат селата во Полошко
Празни улици и школски дворови, затворени врати и капии. Ваква е сликата во селата од полошкиот крај, каде во последниве неколку години исселувањето посебно на младите се одвива со брзо темпо. Секојдневно може да се забележи по автобуските станици како младите го напуштаат својот роден крај.
Шипковица за неколку години е преполовена. Таму останаа само повозрасните. Велат нивните синови и ќерки не ни помислуваат да се вратат тука, каде нема ниту работа ниту пак инфраструктурни услови за нормален живот.
Процесот на исселување во полошко е започнат многу одамна. За разлика од Албанското население кое последниве неколку години масовно заминува од селата, овој процес македонското население во дел од руралните општини од полошко го започнал многу одамна.
Ова е селото Долна Лешница. Луѓето се собрани во црковниот двор на храмот по повод селската слава свети Никола. Но ниту еден од нив не живее тука. Сите мештани го напуштиле својот роден крај уште пред три децении. Причината иста како што сега ја наведуваат жителите од Шипковица, немање основна инфраструктура и можности за вработување.
Експертите сметаат дека процесот не исселувањето ќе продолжи и понатаму, се додека властите не го воведат системот на рамномерен регионален развој, преку кој државата ќе инвестира и во руралните средини, а не само во скопскиот и во уште неколку региони во земјата.
Дека има исселување говори податок на запишани првооделенци во селските средини. Ако во село Шипковица се запишувале по стотина првооделенци оваа година ќе има само 10 првачиња, во соседните села пак Вешала и Бозовце на училишните клупи настават во прво одделение следат два односно три ученици.
Зоран Димовски