Двајца браќа загинаа копајќи канал во Чаир

Двајца браќа од скопското село Горно Количани утрово ги загубија животите копајки канал за поставување на водоводни цевки во Чаир. Тие работеле заедно со татко им и уште еден близок роднина кој го спасија храбри минувачи кои притрчале на помош и со голи раце ја тргале земјата.

Трагедијата се случила околу неколку минути пред 11 часот часот кога големо колчиество земја се одронило во каналот каде биле тројцата работници.

За петанесетина минути на местото пристигнале две екипи на итната помош и скопските пожарникари кои вендаш почнале со ископување на земја од каналот. За жал, за двајцата браќа кои се на возраст од 26 и 28 годиини, веќе било доцна. Тртетиот работник е префрлен во Градската болница и е во стабилна состојба.

Полицискиот увид траеше три часа а десетина роднини на настраданите кои дојдоа на местото на трагедијата видно вознемирени чекаа да ги извадат телата на браќа.

Кај кобниот канал нема ознака дека се работи ниту пак кој  работи и на чие барање се врши ископот. Нема никаква заштита во и околу него. Жителите на соседните згради тврдат дека тие работеле на диво а биле ангажирани од приватен инвеститор кој вршел надградба на стара станбена зграда. Работеле и минатиот  викенд кога почнале со ископ на каналот.

Од општина Чаир изразија сочуство до семејството на настраданите и потврдија дека тие биле ангажирани на црно бидејќи немало издадена дозвола за изведување на работи за подземна ингфраструктура

Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден – Сабота, велат од општината.

Од МВР  засега без конкретна информација кој и кога ги ангажирал настраданите работници

Околу 11 часот е пријавено дека на улица Кемал Сејфула, при вршење на ископ на земјиште со багер  за водоводна мрежа дошло до лизгање на земја и притоа во каналот се затрупани три лица кои работеле на ископот. Две лица починале додека третото лице со возило на Итната  помоше е префрлено во градската болница. На местото е извршен увид а известени се Јавното обвинителство и трудов инспектор, соопштуваат од МВР.

Директорот на трудовиот инспекторат, Аљајдин Хавзиу не беше достапен на неговиот телефон за да даде повеќе информации за тоа што констатирале неговите инспектори во Чаир и кој е одговорен за трагедијата која однесе два млади животи.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ