Финишираат преговорите за реконструкција

Договорени се новите идни министри во владиниот кабинет, но имиња не се откриваат. Преговорите меѓу СДСМ и ДУИ влегуваат во финална фаза. Се очекува Премиерот Заев да го соопшти предлогот во текот на наредната недела. Социјалдемократите велат дека новите кадровски решенија ќе ги зајакнат капацитетите на институциите , а ќе се врати и довербата на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ се сомнева дека новиот владин кабинет ќе даде каков било бенефит. Целата ситуација ја оценуваат како последен обид на СДСМ за спас на партијата.

Од ДУИ велат дека коалицијата одлично функционира а довербата на двајцата лидери е голема. По изборот на новата Влада повторно ќе го промовираат концептот за ветинг на функционерите. Очекувањата се до крајот на јуни да заврши целата операција ,, метла,, и да бидат именувани нови директори на јавни претпријатија и институции. Социјалдемократите треба д аизберат и нови претседатели на 78 општински оргганизации и да го комплетираат составот на Извршниот одбор.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ