Невладините со свои забелешки за законот за јавно обвинителство

Употребата на бомбите како докази, надлежноста на СЈО, мандатот на обивнителите од СЈО се дел од  проблематичните прашања кои ги лоцирале невладините кои следат правосудство во законот за јавно обвинителство.

Ја информирале и на министерката Рената Десковска и се надеваат дека и покрај преговорите мегу власта и опозицијата во законот ќе се вметнат и нивните забелешки.

Според актуелната верзија можен е судир на надлежности на СЈО со обвинителството на организиран криминал.

Бомбите не можат да се забранат со законот  за јавно обивнителство. Употреба на докази регулира за Законот за кривична постпака велат од бупринт групата невладини
Работата на СЈО но и законот кој го регулира неговиот статус се застапени и во извештајот на ЕК. Се наведува дека законот е во подготовка а ова обвинителство има водечка улога во борбата против корупција.

“СЈО продолжи со својата работа,  поднесе неколку обвиненија и отвори нови истраги. Постојат различни толкувања за правото на СЈО да отовра нови истрагии обвиненија по истекот на 18 месеци од предавањето на снимените разговори. Нацрт законот за инкорпорирање на СЈО во Јавното обвинителство е во фаза на разговори со цел за да сеовозможи СЈО да продолжи со работа” – се вели во извештајот на ЕК.

Во сферата на правосудните реформи ЕК констатира добар напредок велат невладините но донесените закони треба и да се применуваат и да се работи на враќање на довербата на граѓаните во судскиот систем ,сметаат  невладините

ЕК потсетува и на посебниот извештај на СЈО објавен пред година и половина а во кој посочувааше дека судии кои биле под влијание на власта но и на извештајот за залоупотреби на  АКМИС за кој се уште истрагите се уште траат и нема резултати

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ