
Апелација одлучи дека екс разузнавачот Слободан Богојевски не ги клеветел Али Ахмети и Муса Џафери
Тужбата за клевета се одбива во целост како ноеснована, ова беше одлуката на скопскиот Апелационен суд за тужбата на АЛи АХмети и Муса Џафери против Слободан Богоевски за изјавата на екс разузнавачот пред американските истражни органи дека двајцата биле дел до 5-милиони евра вредното мито од Маѓар Телеком.
На денешното изрекување на пресудата која е конечна и правосилна во судницата имаше само двајца адвокати и тројца новинари. Ниту тужителите од ДУИ ниту тужениот Богоевски не ја слушнаа пресудата.
Богоевски во изјава пред американскиот истражител Роберт Доџ тврдел дека во 2005-та преку грчка конекција, а во име на Маѓар Телеком биле исплатени околу 5 милиони евра мито за владини претставници во Македонија, со цел да се одложи либерализацијата на телекомуникацискиот пазар во државата. После ова сведочење на Богоевски, Дојче телеком исплати околу 100 милиони долари отштета во Америка, но продолжија и кривични истраги таму.
Во Македонија пак Богоевски беше сослушан, но случајот и истрагата немаа епилог. Екс разузнавачот доби тужба за клевета од Ахмети и Џафери затоа што тврдат дека ги лажел американските истражители. Од денеска таа клевета е отфрлена, а двајцата политичари имаат можност да бараат единствено ревизија на Врховниот суд.
Слободан Богоевски е сведок и во кривичниот предмет за Телеком кој сега го води СЈО. Во тој предмет се осомничени еден германски и двајца унгарски директори на Телеком поради извлекување пари со фиктивни консултантски договори. Во случајот обвинителката на СЈО Лиле Стефанова поднесе и документи во суд за нон пејпер договор во кој се спомнуваат „пријателите од Тетово А.А. и М.Џ.“. Богоевски требаше да сведочи пред изборите, но поради недоложни обврски сведочењето му е презакажано за после односно за ова лето.
Миомир Серафиновиќ