Рот: ЕУ треба да ги исполни ветувањата кон Северна Македонија

Европската унија треба да ги исполни ветувањата дадени кон земјите од Западен Балкан, вели државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни, Михаел Рот во врска со вчерашната оценка на Европската комисија дека Северна Македонија и Албанија ги исполнија условите за почеток на преговорите за членство во Унијата.

– Во Северна Македонија и Албанија беше направен видлив напредок. Сега е ред на ЕУ да испорача. Ние треба да си стоиме на зборот и треба да ги исполниме нашите ветувања, пишува Рот во колумна за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“.

Наспроти ваквиот став на Рот, германскиот весник потсетува на изјавата на пратеникот од владејачката ЦДУ Гунтер Крихбаум дека одлуката за почеток на преговорите тешко ќе биде донесена пред октомври, бидејќи препораката мора да помине во германскиот Бундестаг и парламентите на 28 земји членки на ЕУ, а за тоа, како што вели, потребно е време.

Европската комисија вчера даде безусловна препорака за почнување на преговорите со Скопје. Се очекува конечната одлука за стартот на преговорите да се знае по состанокот на Советот на ЕУ на 18 јуни во Луксембург.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ