
Многу фирми бараат државни субвенции, фондот за иновации има малку пари
Многу заинтересирани фирми, а има малку пари за субвенции. 487 компании се пријавиле на првиот јавен повик на Фондот за иновации што е двојно повеќе од лани. Но проблем е што имаат побарувања кои вкупно тежат 70 милиони евра или по 150 илјади евра просек од фирма, а фондот за првиот оглас има на располагање само 5 милиони евра.
Новитет е што на огласот годинава можеле да се пријават и приватни здравствени установи. директорот на Фондот не смета дека на овој начин се фаворизира приватното наспроти државното здравство.
Инаку вториот јавен повик ќе се распише во септември, за кога се планирани додатни 5,5 милиони евра. Не се исклучува можноста да се обезбедат пари дополнително. Фондот во иднина очекува да стане самоодржлив, со тоа што компаниите ќе враќаат 5 проценти од добивката за пет години.
Билјана Николовска