Мандатот на Груевски на дневен ред во собраниската комисија

Мандатот на пратеникот Никола Груевски и азилант во Будимпешта денеска е повторно на дневен ред на собраниската комисија за деловнички и мандатно имунитетни прашања. По оставката на претседателот на комисијата Павле Богоевски седницата ќе ја води заменичката Снежана Калеска – Ванчева.

Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ на затврената седница упати апел до пратениците во Собранието да постапат на начин на кој неселективно ќе ги почитуваат законите и уставот. Доколку се исполнети условите за престанок на мандатот на Груевски тогаш апелираме и ги охрабруваме пратениците во Собранието на РМ да постапат согласно законите и уставот, се вели во партиското соопштение. ВМРО ДПМНЕ покажува на дело дека секој еден граѓанин е еднаков пред законите. Груевски веќе 6 месеци не седнал во пратеничката клупа откако избега во Будимпешта по изречената казна затвор од две години за набавката на луксузниот Мерцедес тежок 600 илјади евра.

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ