
„Талир“ три ипол месеци заглавен на почеток, толку време и Владата не му дава мислење на Сообранието за законот за СЈО
Повеќе од три месеца владата не му дала мислење на Собранието за автентично толкување на законот на СЈО. Ова го открива известување што го добил адвокатот Дончо Наков од Собранието откако побарал одговор – до каде е процедурата за толкување на актуелниот закон за СЈО. Судијата Осман Шабани на денешното рочиште за „Талир“ го прочита писмениот одговор од Собранието.
Барањето за автентично толкување на законот за СЈО е пристигнато во кабинетот на претседателот на Собранието Талат Џафери на 13.02.2019 и е процесуирано. На 19.02 е доставено до Владата на мислење и до овој момент одговор не е пристигнат во Собранието, се вели во одговорот од Собранието.
Без да откријат зошто се уште не испратиле мислење, од владата кусо ни одговорија дека се уштене расправале по тоа прашање.
Автентично толкување на членот 22 од закон за СЈО кој го регулира рокот од 18 месеци за подигнување на обвиненија го побара држаниот обвинител Љубомир Јовески откако Врховниот суд донесе начелно правно мислење дека на СЈО му е истечен рокот за подигнување на обивненија на 30 јуни 2017.
„Талир“ за незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ е единствнениот предмет на СЈО отворен по овој рок (30 јуни 2017) кој е во фаза на судење но никако да почне. Од првото закажано рочиште поминаа три и пол месеци и најмалку 6 пропаднати обиди за старт на судењето за Талир. Известување за хируршка интервенција на обвинетиот Леко Ристовски е главната причина поради која судијата Осман Шабани констатираше дека нема услови да се одржи денешното рочиште. Освен здравствените причини, „Талир“ се одлагаше поради отсуство на обвинети, на адвокати, поради обезбедување на докази. Последното рочиште пак се одложи на барање на одбраната поаради постапката за автентичното толкување на законот за СЈО.
Периодов фокусот на власта и опозицијата да донесат нов закон за јавно обвинителство со кој ќе се уреди статусот на СЈО, но преговорите меѓу власта и опозицијата се во ќор сокак.
Според обвинението за „Талир“ од 2009-та до 2015-та на сметката на ВМРО-ДПМНЕ на незаконски начин легнале 4,6 милиони евра. Освен избеганиот експремиер Груевски обвинети се и поранешните функционмери Миле Јанакиески, Кирил Божиновски, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристовски и партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Елена Ивановска Мукоска