Министерот Филипче го разреши директорот на ГАК Ваљон Беља

Министерот за здравство Венко Филипче експресно го разреши еконмскиот директор во Клиниката за гинекологија и акушерство Ваљон Беља по неговите обвинувања за криминал и коруппција и отворениот судир до директорката Викторија Јовановска.

Филипче соопшти дека имал средба со директорката Јовановска по која ја донел одлуката за разрешување а како причина ги наведе нарушените односи во рамките на Клиниката и како што кажа несоодветен пристап и настап на директорот Беља.

Од друга страна пак Беља кажа дека ќе чека на реакција од неговата матична партија и ќе се воздржи од коментари околу одлуката на министерот. Тој додаде дека останува на најавеното и ќе ги објави сите наоди и докази за корупција, криминал и непотизам кои тој ги открил на  Клиниката.

Судирот меѓу Јовановска и Беља траел подолго време а ескалираше вчера кога сега разрешениот директор преку социјалната мрежа „Фејсбук“  обвини за наводен криминал и фаворизирање на фирма. Двете завојувани страни денеска одржаа прес конференции на кои си упатија меѓусебни обвинувања за закани и уцени, партиски вработувања, непотизам и спроведување на партиски директиви

Директорката Јовановска кажа дека постапките економскиот директор се поради  одбивањето да одобри вработување на две лица во неговиот кабинет, дека тој ја одобрил набавката на спорните тестови и најави тужба за клевета против него.

Беља пак, ги достави обвинителството документите кои вчера ги објави и демантираше дека дал согласност за набавка.

Околу спорните тестови Јовановска рече дека се одобрени од министертсвото за здравство и Фондот и дека се користат на други клиники. Таа потврди дека се скапи, но додаде дека другите тестови за кои се залага Беља имаат скриени трошоци и се со далеку понепрецизни резултати. доказите за корупција кои ги најави.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2025 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ